петок, 21 февруари 2025

Мајк Пенс: Претседателе, не ја кажувате вистината за Украина

Мајк Пенс, американскиот потпретседател за време на првиот мандат на Доналд Трамп, реагираше на изјавата дека Украина ја започнала војната со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вчера Трамп, коментирајќи го незадоволството на Украина од преговорите меѓу САД и Русија, рече дека Украина ја започнала војната.

„Денес слушнав „ох, не бевме поканети“. Па, три години сте тука, требаше да ја завршите… Никогаш не требаше да ја започнете. Требаше да склучите договор“, рече Трамп.

Пенс напиша на Икс дека вистината е од суштинско значење за градење мир.

„Претседателе, Украина не ја „почна“ оваа војна. Русија започна неиспровоцирана и брутална инвазија која однесе стотици илјади животи. Патот до мирот мора да се гради на вистината“, напиша Пенс.

Пенс во објавата цитираше наслов од Фокс њуз од 24 февруари 2022 година: „Русија започна инвазија на Украина во најголемиот европски напад од Втората светска војна“.

Пенс е конзервативен политичар од Републиканската партија и поранешен потпретседател на Трамп. Иако беше близок соработник на Доналд Трамп, нивната врска беше предмет на тензии, особено откако Пенс одби да ги поддржи обидите на Трамп да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Трамп продолжи да тврди дека изборите биле украдени и се обиде да влијае на изборните резултати, вклучително и да го повика Пенс да го блокира потврдувањето на изборните резултати во Конгресот на 6 јануари 2021 година. Трамп го повика Пенс да ги искористи своите овластувања за да одбие да ги признае резултатите од неколку држави во кои победи Бајден.

Сепак, Пенс јасно стави до знаење дека не може да го исполни барањето на Трамп бидејќи тоа би било спротивно на неговите уставни должности.

Трамп изјави дека Пенс „немал храброст“ да го направи она што го барал од него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ