петок, 1 ноември 2024

МАЕИ: Приемот во ЕФА е историски ден за Македонците во Албанија

Приемот за полноправна членка на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ,  во  Европската слободна алијанса (ЕФА) е историски чекор за нашата партија, историски ден за македонското политичко движење и Македонците во Албанија, пишува во соопштението на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Во исто време, се оценува понатаму, го означува  прогресот и посветеноста на партијата кон европските вредности и интеграција и промовирање на овие вредности во Албанија и низ Европа.

„Оваа одлука е потврда на нашата непоколеблива посветеност кон демократијата, правата и слободите на македонската заедница во Албанија. Ние сме горди што ќе продолжиме да ја претставуваме македонската заедница на европско ниво“, се наведува во соопштението.

На Генералното собрание на ЕФА кое се одржа денеска во Брисел, делегатите едногласно гласаа за приемот на МАЕИ, со што официјално стана полноправна членка на Европската слободна алијанса, која ги претставува малцинствата во Европскиот парламент.

„Станавме полноправна членка на ЕФА, на што сме горди и тоа за нас е голема чест. Веруваме дека нашето членство ќе ја збогати и нашата партија и Алијансата“, рече Стерјовски, во обраќањето пред делегатите на Собранието.

Стерјовски додаде дека инспирирани од визијата на Европската слободна алијанса „ние сме желни да придонесеме со нашите уникатни перспективи и искуства во Алијансата”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ