Според Јанкула “даровите за најмалите и поддршката за македонскиот јазик во Општина Пустец” обезбедени се во рамки на успешната соработка на МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје.
„Децата се израдуваа на подароците и на книгите на македонски јазик. За нив ова не е само обичен подарок, туку поттик да го негуваат својот мајчин јазик, да читаат, учат и да се гордеат со својата македонска култура и традиција“, додава тој.
Како Македонци во Албанија, посочува, наша должност е да ја зачуваме нашата писменост, а со вакви акции покажуваме дека македонскиот јазик има своја иднина и меѓу младите генерации во Мала Преспа и пошироко.