петок, 18 октомври 2024

Мадуро: БРИКС е иднината на човештвото, Милеј ја враќа Аргентина во 19 век

Групата земји БРИКС претставува „иднина на човештвото“ поради својата економска моќ, кажа претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што оцени, претседателот на Аргентина Хавиер Милеј си пука себеси во нога со тоа што ја одбива поканата да се придружи.

Групата, која првично ја сочинуваа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка од 1 јануари 2024 во своите редови ги прими Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. Иако беше најавено придружување на Аргентина, Милеј, кој ја презема функцијата во декември 2023 година се откажа од плановите на неговиот претходник Алберт Фернандез за членство.

Во интервју за шпанското издание Монд дипломатика, Мадуро кажа дека таа одлука е една од „најнесмасните и најглупавите работи кои ги направил Милеј против Аргентина“.

Според венецуелскиот претседател, новиот лидер на Аргентина ја вратил својата земја во 1 век и ја претвора во „вазал на империјалниот униполарен свет“.

Што се однесува до Венецуела, Мадуро изрази надеж дека таа ќе стане членка на БРИКС+ на следниот самит во Русија во октомври 2024.

Мадуро објасни дека и концептот и погледот на светот на организацијата се во согласност со вредностите на Венецуела. Тој напомена и дека неговата влада се надева дека со помош на БРИКС ќе привлече повеќе инвестиции и ќе најде нови пазари за сопствената стока.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ