недела, 23 февруари 2025

Лукман отвори војна со Гасперини: Покажа големо непочитување, ова боли многу

Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман се огласи на социјалните мрежи откако доби критики за промашениот пенал против Клуб Бриж, вели дека тренерот Џанпјеро Гасперини покажал големо непочитување.

Објавено на

часот

Сподели

Аталанта го заврши настапот во Лигата на шампиони откако вчера пред своите навивачи загуби на реваншот против Клуб Бриж.

По крајот на пресметката, тренерот Џанпјеро Гасперини упати големи критики кон Адемола Лукман, кој промаши пенал за 2-3 и беше пропуштена добра шанса за „црно-сните“ од Бергамо да се втатат во игра.

„Лукман не требаше да шутира, тој е еден од најлошите пеналџии кои ги имам видено. Има очаен рекорд, дури и на тренинзите реализира многу пенали. Ретеги и Де Кетеларе беа на терен, и некој од нив требаше да шутира, но очигледно атмосферата го понесе Лукамн и тој ја зема топката, потег што не ми се допаѓа“ – рече тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.

Адемола Лукман реши да не прмолчи, па отвори војна со тренерот.

„Жал ми е што на ваков ден треба да излезам со ова соопштение, особено поради тоа што имаме многу постигнато заедно како тим и град. Тоа што бев посочен од тренерот, и начинот на кој бев посочен, па не само што сум повреден, ова е големо непочитување кон мене. Секогаш сум работел напорно и посветено секој ден за да донесам успеси за овој клуб и неверојатните навивачи во Бергамо“ – вели во својата порака напаѓачот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ