среда, 5 февруари 2025

Лукашенко порача дека Белорусија има нуклеарно оружје

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денес дека неговата земја поседува нуклеарно оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тука распоредив нуклеарни боеви глави. Неколку десетици боеви глави. Многумина велат дека ова е шега, дека никој ништо не поставил. Да, поставивме“, кажа Лукашенко при посетата на градот Борисов.

Коментирајќи ги планови за разместување на рускиот ненуклеарен ракетен систем „орешник“ во Белорусија, тој истакна дека користењето на тие видови вооружување носи голема одговорност.

„Уште од Хирошима и Нагасаки, никој никогаш не го притиснал нуклеарното копче. Ни водечките сили, а не пак Белорусија“, кажа Лукашенко и додаде дека своите „непријатели, пријатели и ривали“ ги предупредува на неприфатливоста на нарушувањата на државната граница на Белорусија.

Според претходни извештаи, Москва ги најави своите планови да распореди свое тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, слично како што Соединетите Американски Држави прават на териториите на своите сојузници.

Москва на Минск му обезбеди тактички ракетни системи „искандер“ кои можат да носат нуклеарно оружје и ѝ помогна на Белорусија да ги опреми своите авиони за носење специјализирано вооружување.

Беше објавено и дека боевите глави веќе се наоѓаат во Белорусија, а Лукашенко на крајот  на април годинава кажа дека Русија распоредила неколку десетици боеви глави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ