вторник, 22 октомври 2024

Лукашенко: Ескалацијата на конфликтот со Русија може да доведе до уништување на Украина како држава

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во неделата изјави дека Русија по секоја цена ќе ја ослободи Курската областа од украинската војска која ја нападна нејзината територија и предупреди дека ескалацијата на конфликтот може да доведе до уништување на Украина како држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за ТВ Канал Русија, Лукашенко изјави дека нема аматери меѓу украинските борци кои ја нападнаа Курската областа, пренесува агенцијата Белта.

„Тоа се главно луѓе кои веќе поминале низ војна и обучени платеници. Тие формираа силна вооружена формација и дојдоа на место каде што имаше малку руски сили кои не можеа да одбијат таков напад“, рече Лукашенко.

Лукашенко нагласи дека ескалацијата на конфликтот може да заврши на најтажен начин за Украина.

„Ако продолжи како во Курск, тоа ќе биде ескалација која ќе заврши со уништување на Украина. Никој нема да победи империја како што е Русија“, заклучи Лукашенко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ