среда, 16 октомври 2024

Лука Тони се мајтапи со Гвардиола: Поради таа твоја „лажна 9-ка“, четири години не можев да најдам клуб

Поранешниот италијански напаѓач, Лука Тони објави интересно видео на социјалните мрежи, се мајтапеше со Пеп Гвардиола и тоа што стратегот често знае да игра со „лажна 9-ка“.

Објавено на

часот

Сподели

Пеп Гвардиола минатата недела беше гостин во едно популарно италијанско ТВ шоу, таму вети дека наскоро ќе го посети Роберто Баџо, па не трошеше многу време и синоќа пристигна во Бреша на средба со старите пријатели.

На дружбата беше присутен и Лука Тони, кој објави интересно видео на социјалните мрежи.

Поранешниот италијански напаѓач се мајтапеше со Шпанецот и тоа што стратегот често знае да игра со „лажна 9-ка“.

„Го уништи фудбалот. Поради таа твоја „лажна 9-ка“, четири години не можев да најдам клуб. Сериозно. Те молам кажи дека таа „лажна 9-ка“ е само за Лео Меси? И дали навистина сакаш класични напаѓачи?“ – порача Италијанецот.

На ова Пеп врати: „Во моментов играм со таков напаѓач, Ерлинг Халанд, и постигна 60 гола. Ја освоивме тројната круна, но кај мене, напаѓачот мора да биде навистина добар! Ме разбираш!“

Лука Тони на крајот рече: „Да, но те молам престани да играш со „лажна 9-ка“, класичните напаѓачи се подобри“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ