недела, 20 октомври 2024

Ловокрадци приведени од чуварската служба во ловиште кај Бунарџик

Компанијата Ада Петра ДООЕЛ информира дека од нивната чуварска служба се фатени ловокрадци со нивниот незаконски улов на ситен дивеч. До МКД.мк се испратени неколку фотографии.

Објавено на

часот

Сподели

„Ловокрадците се фатени во незаконит лов. Фатени се од ловочуварската служба на концесионерот АДА Петра ДООЕЛ во Трубарево“, информираат од компанијата.

АДА Петра ДООЕЛ е друштво за градежништво, трговија и услуги од село Ржаничино, Петровец, на кое ѝ е издадена концесија на користење – „концесија дивечот во ловиштето бр. 7 Бу-нарџик од ловен реон Скопје“, како што пишува во владината одлука од минатата година.

Во договорот е наведено дека концесионерот е должен да работи согласно Законот за ловството, Законот за концесии и јавно приватно партнерство, како и според посебната ловностопанска основа и Програмата за развојни можности на дивечот под заштита во ловиштето.

в

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ