недела, 23 февруари 2025

Лондон в понеделник ќе објави нов пакет санкции кон Русија

Велика Британија во понеделник ќе објави нов пакет санкции кон Русија по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Време е да се „затегне шрафот против Русија и Владимир Путин“, се вели во соопштението на министерот.

„Утре планирам да го објавам најголемиот пакет санкции против Русија од почетокот на војната, за да ја наруши нејзината воена машинерија и да ги намали приходите што го поттикнуваат уништувањето на Украина“, додаде Лами.

Европската унија, исто така во понеделник, треба да усвои нов пакет санкции против Русија, кои меѓу другото ќе вклучуваат забрана за увоз на руски алуминиум во Унијата. Лондон веќе воведе санкции за повеќе од 1.900 поединци и други субјекти како одговор на руската инвазија на Украина.

„Ова е критичен момент за историјата на Украина, Велика Британија и цела Европа. Затоа е време Европа да ја удвои својата поддршка за Украина“, изјави британскиот министер Лами, чија земја е клучна во поддршката на Киев.

Тој потсети дека Велика Британија останува посветена на воена помош од 36 милијарди евра за Украина годишно и дека е подготвена, доколку е потребно, да испрати војници како дел од мировните сили доколку се постигне прекин на огнот.

„Работиме со САД и нашите европски партнери за да постигнеме траен и праведен мир и јасни сме дека ништо не може да се случи во Украина без Украина“, рече тој.

Од почетокот на војната во Украина, Велика Британија во координација со своите партнери, особено европските, воведе бројни санкции против Русија, кои се состојат во замрзнување на имотот и забрана за патување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ