„Како министер и како министертво сме имале период на дебати и со претседателот и со Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира со јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции. Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како во изборна кампања. Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции“, пишува во реакцијата на министерот за правда Кренар Лога.
Попладнево ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста кажа дека напуштањето на функцијата на Кацарска е празник за правдата.
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на која функцијата ѝ истекува на 2 јуни годинава, денеска на прес конференција кажа дека со чувство на исполнетост го завршува мандатот и дека правдата секогаш ќе ѝ биде императив.