Ливерпул загуби уште два бода во борбата за титулата во Премиерлигата, а малку фалеше Астон Вила и да го добие овој натпревар.
Црвените поведоа со гол на Салах во 29. минута, но до крајот на првиот дел се случи пресврт.
Во 38. минута Тилеманс изедначи на 1-1, а во судиското продолжение од првото полувреме Воткинс даде гол за водство на Астон Вила од 2-1.
По 15 минути игра Александер-Арнолд израмни на 2-2, што беше и конечен резултат.
Во 81. минута навивачите на Астон Вила се израдуваа на уште еден гол, но погодокот на Ремзи беше поништен поради офсајд.