Лина Ѓорческа по два илпол часа борба е елиминирана во првото коло во квалификациите на Австралија Опен.
Најдобрата македонска тенисерка има за што да жали, откако лесно можеше мечот против Катаржина Кава да има сосема поинаков тек
Првиот сет почна со предност од 3-0 за тенисерката од Полска, но потоа Лина Ѓорческа влезе во ритам, направи два брејка и поведе со 3-5. Но и покрај тоа што сервираше за освојување на првиот сет, не успеа да стигне до се радува, следните четири гејма и припаднаа на Катаржина Кава, која на крајот го освои сетот со 7-5.
Во вториот сет беше доволен еден брејк за Лина Ѓорческа да го добие со 6-4 и да изедначи на 1-1.
Во решавачкиот трет сет, Лина Ѓорческа имаше брејк топка во седмиот гемј за водство од 4-3, но не ја искорсти, загуби и на свој сервис за водство на Катаржина Кава од 5-3. Во деветиот гејм Македонката спаси неколку меч топки, но на крајот немаше сили за пресврт и го загуби сетот со 6-3.