„На потегот кај булеварот Партизанска веќе се работи на земјените работи, а втората локација од она што го добивме како информација од страна на оваа компанија е дека преговараат со сопственикот на објектот на Автобуската станица. Информациите исто така говорат дека Автобуската станица делумно ќе остане овде, нема да се дислоцира. Така да на еден дел на оваа површина најверојатно ќе се постави соодветен објект, каде што ќе биде и вториот маркет на Лидл“, вели Јорданов.
Тој посочи дека во Штип на повеќе локации има инвестиции и градежни активности од приватни инвеститори, а нивна задача е како локална самоуправа да ги издаваат градежните одобренија и да размислуваат за развој на градот и нови вработувања.