среда, 23 октомври 2024

Лидерот на Хезболах се закани дека Израел „ќе плати со крв“ за нападите во Либан

Либанскиот екстремистички Хезболах сигнализираше денес дека ќе ги засили нападите на Израел како одговор на загинувањето на десет либански цивили кои настрадале во израелските напади оваа недела, и се закани дека таа земја „ќе плати со крв“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хезболах и израелските сили разменуваат оган преку либанско-израелската граница од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври, што е нивен најкрвав судир во речиси две децении.

„Одговор на масакрот ќе биде продолжување на отпорот на фронтот и ескалација на отпорот на фронтот“, кажа лидерот на Хезболах Хасан Насралах во телевизиско обраќање.

„Наши жени и деца се убиени деновиве, непријателот ќе ја плати цената со пролевање негова крв“, додаде Насралах, а пренесуваат агенциите.

Хезболах денес претходно објави дека два члена на таа проиранска шиитска организација се убиени, а сојузничката организација Амал кажа дека во нападот се убиени три нејзини члена.

Израелските одбранбени сили вчера соопштија дека во нападите на југот на Либан претходната ноќ убиле високопозициониран командант на Хезболах од елитната единица Радван, одговорна за бомбашки напад во март минатата година на северот на Израел, и дека го убиле и заменикот на тој командант.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ