вторник, 22 октомври 2024

Лидер на тексашките националисти: Независноста може да биде многу поблиску отколку што се мисли

Тексашки националист тврди дека отцепувањето на Тексас од САД „може да биде многу поблиску отколку што се мисли“. Неговата објава доаѓа во услови на тековен судир со федералните власти околу границата меѓу Тексас и Мексико, пишува Њузвик.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тензиите се зголемија откако Врховниот суд на 22 јануари тесно пресуди со пет против четири дека федералните агенти можат да ја отстранат бодликавата жица поставена долж границата. Жицата е поставена таму по наредба на гувернерот на Тексас Грег Абот во обид да се намали бројот на мигранти кои ја преминуваат границата.

Како одговор на одлуката на Врховниот суд, Абот се повика на „уставното овластување на Тексас да се брани и заштити себеси“ од она што тој го опиша како „инвазија“. 25 други републикански гувернери објавија заедничка изјава во која ја изразија својата поддршка за неговата позиција.

Даниел Милер, претседател на Тексашкото националистичко движење, кое се залага државата да стане целосно независна, разговараше за ситуацијата на својот подкаст „Тексашки вести“. Во последната епизода, објавена во вторникот, Милер зборуваше за влијанието на граничниот спор врз неговата кампања за независност на Тексас, или Тексит.

„Политиката на Абот е всушност Тексас кој се залага за нашите права, закон и суверенитет. Понекогаш 100 години историја може да се одвиваат за еден ден или една недела. Секако, тоа е парафраза, но еве нè. Ова е една од оние ситуации кога се чини дека работите малку стивнале, потоа одеднаш се се случи и сега е само прашање на време“, изјави Милер.

„Се наоѓаме во момент кога Тексит ни е на сите на ум, и на оние кои се за него и на оние кои се против. Прашањето за границата сега стана главна вест, а Тексит е природно и логично продолжение на она што се случува долу на границата. Се бориме да го добиеме она за што отсекогаш сме зборувале, а тоа е обврзувачко гласање Тексас да стане самоуправна независна нација“, додаде тој.

Тој потврди дека федералната влада долго време ги спречувала напорите на властите во Тексас да го намалат приливот преку границата. „Секогаш кога Тексас се обидува да направи нешто за да ја обезбеди границата, федералната влада истапува и се меша“, рече Милер.

„Претходните обиди на Тексас беа до толку спречувани што Тексашаните – тексашкиот воен оддел и одделот за јавна безбедност – функционираа како помошници на граничната патрола кои имаа наредба да ги пуштат мигрантите преку, да ги обработат, да ги стават во автобуси и авиони и да ги испратат понатаму“, истакна тој.

Тој се осврна и на други држави со републикански гувернери кои го поддржуваа Абот. Се прашува дали има поголеми пукнатини во Американската унија. „Па, дали тоа значи дека ќе видиме отцепување не само на Тексас, туку и на останатите држави, другите 25, и што значи тоа за Унијата? Ова се интересни времиња во кои живееме“, истакна тој.

Тој е убеден дека сегашниот конфликт предизвика повеќе Тексашани да гласаат „за“ во хипотетичко гласање за тоа дали Тексас треба да стане независна држава. „Прашањето за границата направи две работи. Прво, значителен број неопределени гласачи ги претвори во гласачи „за“. Се чини дека тоа имаше ефект и на активирањето на значителен број гласачи кои подржуваат независност“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ