вторник, 22 октомври 2024

Лицата над 60 години да се ослободат од работа поради горештината, препорача Владата

Во препораките што ги усвои Владата на денешната седница за намалување на ризиците од високите температури, се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Владата препораките ги донесе на барање на Министерствотопоради новиот топлотен бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава, откако од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на УХМР се добиени информации дека од утре до 23 јуни (недела), целата територија на Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран од портокалова фаза.

Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

Во денешното соопштение од владината прес-служба се додава дека со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ