вторник, 22 октомври 2024

Левица: Поради инаетот на ДПМНЕ кон Арсoвска скопските претпријатија се во колапс

„Веќе шест месеци ДПМНЕ во Советот на Град Скопје не ги гласа програмите за работа на јавните претпријатија под надлежност на Градот. Jавните претпријатија без овие програми не можат ништо да работат. Се поставува прашањето зошто и кому му оди во прилог инаетот што советничката група на ДПМНЕ во Град Скопје го води со актуелниот градоначалник, Арсовска?“, реагира Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Градоначалникот како извршен орган не може и не смее да презема дејствија без одлука на Советот, а откако ДПМНЕ се скара со сопствениот кандидат за градоначалник, не дозволува во Советот на Град Скопје да биде донесена каква било одлука во корист на граѓаните, освен буџетот на Градот и одлуките за платен паркинг во трговските центри во Скопје.

Веќе две години Град Скопје е заложник на меѓусебната ‘војна’ на ДПМНЕ и Арсовска, а резултатот е очигледен – хаос и колапс на градот во секоја сфера.

Иако ДПМНЕ има мнозинство во управните одбори на јавните претпријатија во Скопје, тоа не ги спречува истите одлуки кои нивните членови ги гласаат во управните одбори, советниците на ДПМНЕ да не ги гласаат во Советот на Градот Скопје“, се вели во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ