Како што навеудува Левица, Комисијата за прашања на изборите и именувања, на седница одржана на ден 6.02.2024 година, констатирала дека од страна на поранешните функционери Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски се поднесени барања за остварување на правото на исплата на апанажа.
„Скандалозно е што собраниската Комисија, со само пет присутни членови, ги усвојува барањата за исплата на апанажа за двајцата поранешни функционери, спротивно на Уставот! Ова значи дека милионерите Спасовски и Ковачевски во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата од 2.500 евра. Иако Ковачевски и неговата сопруга поседуваат милионски бизниси во енергетиката, поранешниот премиер одлучил дека треба да добива плата од државата и наредните 12 месеци (што е спротивно на Уставот).
Потсетуваме дека поранешниот премиер и министер за внатрешни работи го завршија својот функционерски мандат со давање ОСТАВКА од функцијата која ја извршуваа. Согласно Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и сега веќе укинатиот чл. 22, истите НЕМААТ ПРАВЕН ОСНОВ за остварување на правото на исплата на апанажа!
Доколку Комисијата не ја ревидира оваа своја одлука во рок од 3 дена, Левица ќе поднесе соодветни поднесоци до надлежните органи за утврдување на одговорност за своето работење на сите присутни членови, кои одлучувале по спорната точка“, се наведува во реакцијата на Левица.