Проектот опфаќа реконструкција и обнова на електротехничката инсталација, при што застареното флуоресцентно осветлување се заменува со ново и модерно лед осветлување. Со оваа промена и поставување на енергетски ефикасно осветлување, ќе се намалат трошоците за електрична енергија, се отстрануваат сите опасности како УВ зрачењето и се поставува осветлување кое не содржи токсични материи.
Градоначалникот Тимчо Муцунски кој изрази благодарност за вклучувањето на граѓаните, но и на партнерите од УНДП за креирање на побезбедна и поздрава средина за едукација и работа на учениците и наставниот кадар.