Македонија ја оствари целта, дојде до очекуваната победа над Гвинеја и се пласираше во следната фаза од Светското првенство каде вкрстуваме во група со Австрија, Франција и Катар.
„Треба да бидеме задоволни со победата, иако можевме и многу подобро. Промашивме речиси 20 удари, од кои 15 беа од изградени позиции. Да игравме со поквалитетен противник не би победиле ако промашувавме толку многу. Добро е што ги зачувавме и одморивме поискусните ракометари пред следните натпревари. Нè очекуваат тешки борби, ни треба многу енергија, треба да бидеме среќни и задоволни. Жал ни е што освоивме само еден бод против Унгарија, но тоа е минато, се подготвуваме за дуелот против Австрија во вторник. Благодарност до навивачите кои ни даваат голема поддршка. Ритамот е брз на СП, утре ќе правиме анализа за следниот меч со Австрија, но ова е неискусна и млада репрезентација, не можам да кажам колку ќе го прифатат тоа за краток период. Сепак, тука се навивачите и веруваме дека ќе ни помогнат“, изјави Лазаров.
Следниот меч на Македонија е веќе во вторник од 18 часот против Австрија.