На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на БРИКС во Нижни Новгород, Лавров кажа и дека последните настани на глобалната сцена го покажале „вистинското лице на Западот кој тежнее да го наметне својот поредок во светот“.
Денес завршува состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на БРИКС.
Лавров се сретнал и со министерот за надворешни работи на Турција Хакан Фидан, кој на почетокот на јуни кажа дека Турција сака да стане членка на БРИКС.
Теми на разговорот на двајцата шефови на дипломатиите биле ситуацијата во Украина, на Блискиот Исток и на јужен Кавказ.