среда, 23 октомври 2024

Лавров: Западот не зборува повеќе за своја победа, туку како да го спречи Путин да победи

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави пред државната Дума дека засега нема ништо од постигнување каков било договор за прекин на војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според него, Русија е спремна за политичко и дипломатско решение на конфликтот во Украина, но имајќи предвид дека западните земји не сакаат да ги земат предвид интересите на Москва и реалноста на теренот, опции за договор засега не се видливи.

„Како што во интервјуто со Такер Карлсон истакна претседателот (на Русија Владимир Путин), ние остануваме отворени за политичко и дипломатско решение засновано на нашите легитимни интереси, врз основа на реалноста која се разви во текот на годините и која доведе во сегашната ситуација“, кажа Лавров во рускиот парламент.

„Меѓутоа, во недостиг на сериозни предлози од оние кои ни објавија војна и со оглед на нивната неспремност да ги земат предвид нашите интереси, ни реалноста на теренот, засега не е можно да се разговара на преговарачка маса. Такви опции не се видливи“, оцени Лавров.

Според него, Западот, гледајќи ги успесите на Русија во зоната на специјалната воена операција, почнува помалку да зборува за сопствена победа, а повеќе за тоа „како да не му дозволи на Путин да победи“.

„Вашингтон и неговите сојузници не се откажуваат од соништата да ни нанесат стратегиски пораз. Меѓутоа, во последно време, гледајќи ги успешните дејства на руската војска на украинското боиште, Западот повеќе не зборува за своја победа, туку за тоа како да го спречи Путин да победи“, кажа Лавров.

Тој истакна дека безбедноста на Русија, вклучувајќи ги новите региони, ќе биде обезбедена, а целите на специјалната операција во дадениот контекст ќе бидат остварени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ