сабота, 19 октомври 2024

Лавров: Американците ѝ објавија војна на Русија

Објавено на

часот

Сподели

Русија и Соединетите Американски Држави немаат практично никакви односи, освен контакти по потреба, истакна шефот на руската дипломатија.

„Ако прашувате за руско-американските односи, ние во моментов немаме никакви особени односи. Ние само по потреба разговараме за проблемите кои настануваат во активностите на нашите амбасади. Но и во врска со тоа што Американците се трудат да ја злоупотребуваат својата позиција, конкретно како земја домаќин на Обединетите нации“, кажа Лавров на брифинг за новинарите по посетата на Куба.

„Сите знаат, сите сфаќаат дека Американците ѝ објавија крстоносна војна на Русија, на нејзините легитимни интереси, на руската култура и традицијата. Како оружје го избраа киевскиот нацистички режим, пумпајќи го со сè повеќе нови оружени системи“, додаде тој.

Русија претходно им испрати нота на земјите од НАТО поради испораките на оружје на Украина.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков забележа дека пумпањето на западно оружје во Украина не придонесува на успехот на руско-украинските преговори и дека ќе има негативен ефект, додека заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков истакна дека непрекинатата голема помош за Киев „сè повеќе ги вовлекува западните земји во конфликтот на страната на киевскиот режим“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ