недела, 20 октомври 2024

Лаутаро Мартинез изедначи голем рекорд и донесе победа на Интер против Рома (ВИДЕО)

Интер се врати на втората позиција на табелата откако вечерва со 0-1 славеше на гостувањето кај Рома, трите бода ги донесе капитенот Лаутаро Мартинез.

Објавено на

часот

Сподели

Во претпоследниот натпревар од 8. коло во Серија А, Интер го доби дербито против Рома на „Олимпико“ со минимални 0-1.

Херој на гостите беше капитенот Лаутаро Мартинез, кој убаво се снајде по еден час игра и биеше прецизно од врвот на шеснаесетникот за 0-1.

Со овој гол, Аргентинецот го изедначи рекордот на Иштван Њерш, кој со 133 погодоци беше странецот со најмногу постигнати погодоци во дресот на „нероаѕурите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ