сабота, 30 ноември 2024

Ланча се буди: претставен нов концепт, новиот модел ќе се вика гама (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Концептот ја носи ознаката пу+ра ХПЕ, во кој првиот дел на називот се однесува на чистиот и радикален дизајн, а ХПЕ означува спортски електричен автомобил (High Performance Electric).

Што тоа значи најдобро покажуваат фотографиите на концептот, чиј дизајн има јасни врски со култните модели како стратос, бета и сите други кои го одбележаа автомобилскиот свет во минатиот век.

lancia

Ланча порачува дека трикракиот светлосен дисплеј напред асоцира на некогашните решетки на предната маска, а истиот мотив го има и на други детали на автомобилот.

Најлесно е да се „прочита“ стратос на задниот дел, каде сè е јасно со кружните светла и вратата на багажникот.

Уште порадикални решенија има во внатрешноста на возилото. Ланча сега нуди „домашно чувство“, а за дизајнот на кабината се здружиле со италијанскиот произведувач на мебел Касина.

Би требало да понуди врска со класичниот италијански дом, изгледот и удобноста. Седиштата со дизајнот личат на фотелјите кои ги прави Касина, а има место и за кружна маса и тепих, сè зачинето со удобни и топли материјали.

lancia

Ова не е концепт кој ќе оди во сериско производство. Но е одличен вовед во електричната иднина на марката Ланча, бидејќи следната година доаѓа нов ипсилон, а потоа и делта.

Италијански Кватропорте, односно шефот на италијанската компанија Лука Наполитано, објави и како ќе се вика новата голема ланча.

lancia

„Нашиот иден модел, кој пристигнува во 2026 година, ќе се вика гама“, кажа Наполитано на премиерата на концептот.

Притоа, мора да се истакне дека нема да има многу заедничко со легендарниот модел гама од 1976 година – новиот автомобил ќе биде кросовер.

lancia

lancia

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ