петок, 18 октомври 2024

Лајлс победи на 100 метри во неверојатно драматичен финиш (ВИДЕО)

Американскиот спринтер, Ноа Лајлс кој е актуелен светски шампион, стана и олимписки откако во фото финиш прв ја мина целта на трката на 100 метри во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Јамајканецот, Кишан Томпсон заедно со Ноа Лајлс имаа исто време 9,79, но Американцот беше побрз за неколку илијадитинки и златниот медал светна на неговите гради.

Ова е прв медал за Лајлс на олимписки игри, тој ќе го брка златото и на својата омилена дисциплина, трката на 200 метри.

Типично за Лајлс е тоа што има нешто побавен старт, па трката од 200 метри повеќе му одговара од стотката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ