среда, 23 октомври 2024

Лацио го победи Селтик и го исфрли од Европа! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мрежите на Олимпико мируваа се до 82. минута кога Чиро Имобиле погоди за голема радност на Лацио и водство од 1-0.

Само три минути подоцна Имобиле постигна уште еден гол и ја завери победата од 2-0.

За разлика од Серија А, во Лигата на шампионите Лацио е одличен, од пет меча собра десет бода и во моментов е прв, но Атлетико Мадрид и Феенорд имаа натпревар кој допрва вечерва треба да го играат. 

Селтик е последен со само еден освоен бод. Шкотскиот тим веќе нема шанси ниту за третото место каде Феенорд има шест бода.

Со Европа вечерва се збогува и Антверпен кој загуби од Шахтар со 1-0.

Единствениот гол на мечот беше постигнат уште во 12. минута. Матвиенко беше стрелец на голот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ