четврток, 7 ноември 2024
Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: ДПМНЕ само 100 дена ќе биде власт

Само 100 дена ВМРО-ДПМНЕ ќе биде власт, 100 дена кога ќе биде дел од техничката влада, таквата можност ќе им ја даваме еднаш на четири години, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Објавено на

часот

Сподели

“Во изминатиов период се изнаслушавме различни хаотични ставови, неконзистентни ставови од страна на ДПМНЕ и Мицкоски.

Еднаш кажуваат дека нема да учествуваат, го спореа и Талат Џафери како премиер на техничката Влада, кажуваа дека немало потреба од техничка Влада за сега да слушнеме дека ќе бидат дел од техничката Влада.

Морам да кажам дека добро е тоа, добро е што прифатија да ја испочитуваат законската обврска, но и улогата и обврската што ја имаат како опозиција.

Овие 100 дена на ДПМНЕ во техничката Влада ќе бидат единствената можност да бидат на власт и добро е да им ја даваме оваа можност на секои 4 години“, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа соопшти дека паралелно со постапката за утврдување на кандидат за претседател на Македонија, партијата ја започна постапката и за утврдување на кандидати за пратеници. Евидентирањето кандидати за пратеници се одвива во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ.

„Потоа постапката продолжува на ниво на локалните раководства, Извршниот одбор, Централниот одбор на СДСМ и секако највисокото тело а тоа е Конгресот. Отворен е и јавен повик за самокандидирање на кандидати за пратеници. СДСМ отвора можност за луѓе кои не се дел од партијата но ги делат социјалдемократските вредности“, рече Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ