среда, 4 декември 2024

Шолц го смени министерот за финансии, неизвесна е иднината на германската влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави вечерва дека ќе распише гласање за доверба на владата на 15 јануари, што може да го отвори патот за вонредни сојузни избори во март. Тој одржа конференција за новинарите на која ја објасни одлуката да го смени министерот за финансии Кристијан Линднер, што неговата коалиција ја стави во ризик од распаѓање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот за финансии Линднер не покажа спремност да имплементира кој било од нашите предлози“, кажа Шолц, додавајќи дека на германските компании им е потребна итна поддршка и дека „секој кој тоа ќе го одбие се однесува неодговорно“.

Шолц кажа и дека Германија мора да оди напред по американските избори, на кои победи Доналд Трамп, порачувајќи дека Германија сега „треба да покаже дека може да се потпрат на нас“.

Неколку минути пред да биде објавена веста за смената на министерот за финансии Линднер, германските медиуми објавија дека лидерот на Слободните демократи му предложил на својот партнер канцеларот Шолц одржување избори на почетокот на следната година.

Ова било предложено како решение за владината криза, но Шолц ја одбил таа сугестија, објави Билд.

Шолц го смени Линднер по неделите коалициски преговори за економската иднина на Германија. Линднер барал опсежни економски реформи, на што се спротивставиле другите две партии во коалицијата.

Прашањето е како Германија може да ја пополни дупката во буџетот за 2025 година, пред одлучувачкиот состанок на одборот за буџет на 14 ноември. Судирот околу трошењето доаѓа во време кога германската економија се бори и се соочува со уште една година на рецесија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ