понеделник, 21 октомври 2024

Курти: Статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство го појаснува прашањето за признавање на Косово

Премиерот на Косово Аљбин Курти кажа во косовското собрание дека нацрт статутот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство ја појаснува ситуацијата околу признавањето на Косово.

Објавено на

часот

Сподели

Овој нацрт на статут за ЗСО на Косово и Србија западните дипломати им го претставија на 21 октомври.

„Прво, според мојата политичка оценка, со нацртот се прекинува наследството на непризнавање на Република Косово кое е запишано во договорите од 2013 и 2015. Значи, по мојата политичка проценка, нацртот го појаснува прашањето на признавање на Република Косово“, кажа Курти.

Сепак, тој истакна дека сè уште официјално не го прифатил тој документ за формирање на ЗСО, кој на припадниците на српската заедница на Косово треба да им пружи поголема автономија.

„Прифаќањето значи согласување за преземање обврски за реализација на нацртот“, кажа Курти и додаде дека понудил документот да се потпише.

Косовскиот премиер оцени дека нацрт статутот е внимателно напишан во согласност со духот на уставот, и напомена дека е предвидено документот да го разгледа уставниот суд на Косово.

Заедницата на општини со српско мнозинство е договорена во 2013 во рамки на дијалогот на Белград и Приштина, додека во 2015 беа договорени принципите за нејзино формирање. Меѓутоа, уставниот суд на Косово оцени дека тие принципи не се во согласност со уставот, на што косовските власти се повикуваат и одбиваат да ја формираат Заедницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ