понеделник, 21 октомври 2024

Курти: Иако нацрт статутот за ЗСО е неспоредливо понапреден, тоа не значи дека Косово е задоволно

Премиерот на Косово Аљбин Курти оцени дека нацртот за Заедницата на српски општини (ЗСО), предложен од ЕУ и САД, е „неспоредливо понапреден“, но додаде дека тоа не значи дека Косово е задоволно од содржината на нацртот.

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека ги доставил забелешките на Приштина на најновиот нацрт статут на ЗСО, но дека не може да ги објави „поради доверливоста“.

„Поради доверливоста на нацртот, не можам да зборувам ни за моите забелешки и критики. Тие се многу важни. Му го пренесов тоа на европскиот претставник преку мојот заменик Бесник Бислими на 24 октомври, два дена пред нашата средба во Брисел“, кажа тој.

„Ова е сосема поинаков нацрт, неспоредливо понапреден, но тоа не значи дека сме задоволни, затоа и ги испратив своите забелешки и критики“, им кажа Курти на новинарите во Пеќ.

Тој истакна дека потписот на нацрт статутот на ЗСО го понудил само како „дел од пакет“, а не како посебен документ.

„Кажавме дека сме согласни да го потпишеме пакетот кој ги вклучува Основниот договор, Анексот за имплементација, како и нацртот на кој претходно упативме коментари, но бидејќи од Брисел ни беше кажано дека нормализацијата на односите е итна, се согласив да го потпишеме она што е за потпишување и прифаќање, но само како дел од пакетот“, кажа Курти и додаде дека барал Косово да добие статус на земја кандидат за ЕУ и да го почне патот за прием во НАТО.

Европските лидери по последниот состанок на високо ниво во Брисел на 26 октомври јавно го изнесоа барањето Косово да почне со формирање на ЗСО а Србија да спроведе „де факто признавање“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ