вторник, 22 октомври 2024
Град Скопје

Купувањето нови автобуси Арсовска по 21-ви пат го достави пред советниците од ВМРО-ДПМНЕ

Од Град Скопје информираат дека купувањето на нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП-Скопје повторно е доставено пред советниците во Советот и се нагласува дека две години, односно 20 пати досега, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, како мнозинство, одбиваат да гласаат да се подобри градскиот превоз. Наместо во нови електрични автобуси, какви што вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, скопјани и натаму се возат во дотраени автобуси, реагираат од канцеларијата на градоначалничката на Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„За седницата на Совет на 16 јули 2024 година, по 21 пат е доставена предлог одлука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси, иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје. Согласно законот, градоначалникот не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси. Единствена одговорност за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, од кои како власт и мнозинство во Град Скопје, зависи дали ќе има нови еколошки автобуси и подобар превоз, наместо дотраените автобуси“, наведуваат од Град Скопје.

Во соопштението се наведува дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, предлага советниците од ВМРО-ДПМНЕ целосно да го контролираат процесот за набавка на автобусите.

„Оваа одлука можат да ја донесат единствено советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Како очигледна демонстрација на сила и самоволие, спротивно на деловникот и статутот, претседателот на Советот Трајко Славески, на седницата закажана за 19 јуни годинава, не ја стави точката за нови автобуси на дневен ред за гласање. Иако поради недостаток на автобуси и дефекти скопјани чекаат на автобуските станици за нови автобуси, ВМРО-ДПМНЕ не гласа иако ги имаат ветено пред граѓаните на локалните избори во 2021“, велат од Град Скопје.

Во соопштението се додава дека според програмата на владејачката партија презентирана на локалните избори во 2021 година, стои дека до крајот на мандатот ќе испорачаат 250 автобуси.

„За потсетување претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лично ги ветуваше новите еко автобуси за скопјани, за кои дури најави и дека преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, но досега повеќе од 2,5 години тоа ветување не се реализира, како ни неговото ветување за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје која континуирано изјавува дека лично ја поддржува. Досега според програмата требаше да се набавуваат секоја година по 50 автобуси за да се постигне квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат и да се испорачаат до крај на мандатот 250 автобуси“, стои во соопштението на Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ