среда, 17 декември 2025

Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложба на Националната галерија „Простори на конјукција“

Пред бројна публика вчера во македонскиот Културен центар (КИЦ0 во Загреб, Хрватска беше отворена изложбата ,,Простори на конјункција” којашто македонскиот КИЦ ја реализира во соработка со Националната галерија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од македонскиот КИЦ во Загреб, „Простори на конјункција“ е повеќеслојна мултимедијална мрежа што инсистира на активен гледач и коавторство.
„Секој кој влегува во овие простори, влегува во релација со фрагментите – распарчените траги на интимното, архивирани во материјали што постојано се обидуваат да се спојат во нова целина. Низ графика, цртеж, фотографија, видео, објект, колаж, уметниците не само што раскажуваат приказни, туку градат мултимедијални платформи во кои секој медиум станува посебен канал за конјункција (спојување)“, велат од македноскиот КИЦ во Загреб.
На уметничката компилација со наслов „Простори на конјукција“ – Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“ претставени се дела на реномирани современи македонски автори: Роберт Јанкулоски, Велимир Жерновски, Моника Мотеска, Шќипе Мехмети, Ирена Паскали, Михаела Јовановска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ацо Станкоски, Иванчо Талевски, Жанета Вангели и Марија Сотировска.
Во своето обраќање директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска истакна дека со гостувањето на проектот ,,Простори на конјункција”, македонската Национална галерија ја заокружува својата меѓународна мапа за оваа година, а македонскиот КИЦ ја одбра токму оваа исклучително значајна изложба за заокружување на програмата за оваа година.
Ѓоргоска Илиевска ја воведе публиката во контекстот на проектот и ги претстави авторите на уметничката компилација истакнувајќи дека три автори кои се преставени на оваа изложба веќе биле македонски преставници на Венециското биенале, една од најпрестижните меѓународни манифестации од областа на уметноста, а тоа се Жанета Вангели, Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, како и уметникот Велимир Жерновски – којшто следната година ќе ја претставува Македонија на Венециското биенале.
До бројната публика се обрати и Маја Крстевска, програмски раководител во Националната галерија и даде осврт на претставените уметнички дела со акцент на јасната порака дека поврзаноста и добрата мисла го оплеменуваат човечкото битие и воедно нагласи дека е чест да се заврши со овој проект сезоната во Загреб и со што се заокружува богатата програма на Галеријата.
Изложбата „Простори на конјукција“ за отворена ја прогласи директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани кој истакна дека оваа соработка со македонскиот КИЦ во Загреб е јасен импулс дека уметноста има моќ да ги поврзе двете земји и најави идни проекти за изложбена соработка. Директоторот на Националната галерија изрази благодарност до директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, посебно истакнувајќи ја остварената соработка на македонскиот КИЦ во Загреб со загребскиот Музеј за уметности и занаети со што се отвараат нови можности за взаемна афирмација и промоција на македонските и хрватските уметници во двете земји.
Проектот на Националната галерија на Македонија „Простори на конјукција“ оваа година беше претставен и во македонските културно информативните центри во Софија, Белград и Истанбул. Проектот е поддржан во рамките на Годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура и туризам.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ