недела, 7 декември 2025

Пијанистката Гамазда од Русија го затвора фестивалот „Музика од светот“

Со концерт на пијанистката Гамазда од Русија, вечерва во Битола завршува 17. издание на фестивалот „Музија од светот“. Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека светски познатата пијанистка и јутјуб сензација Гамазда, својот уникатен стил и виртуозна интерпретација ќе ги презентира во големата сала на битолскиот театар.

Објавено на

часот

Сподели

„Уметницата Гамазда изгради импресивна меѓународна кариера благодарение на својот препознатлив стил, динамична, енергична и технички беспрекорна интерпретација на култни песни од бендови и изведувачи кои го обликувале модерниот музички свет. Нејзините видеа имаат милионски прегледи, а нејзиното име е синоним за свеж, автентичен и модерен пристап кон рок музиката на пијано. Преку своите настапи, Гамазда успева да внесе нов живот во легендарни композиции, претворајќи ги во пијано изведби полни со емоција, енергија и раскошна музичка техника. Затоа денес се смета за една од највпечатливите и најследени музички уметници на дигиталната сцена“, најавија од НУ Центар за култура во пресрет на вечерашниот завршен концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ