понеделник, 8 декември 2025

Годишна изложба на ДЛУМ

Во Националната галерија – објект Мала станица, денеска ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Објавено на

часот

Сподели

Oвој традиционален настан претставува неселективна презентација на творештвото на сите членови на ДЛУМ во текот на изминатата година, создавајќи автентичен портрет на актуелната визуелна уметничка сцена.

Посетителите ќе имаат можност да видат дела во класични медиуми, цртежи, слики, графики, скулптури како и современи форми, меѓу кои инсталации, концептуални практики, нови медиуми, дигитална и видео уметност, фотографија и експериментални техники.

Изложбата го нагласува дијалогот меѓу традицијата и иновацијата, прикажувајќи како уметниците ги преиспитуваат и реинтерпретираат класичните форми додека истражуваат нови креативни територии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ