среда, 23 октомври 2024

Крузер предизвика огромен бран на грчка плажа, повредени двајца капачи, капетанот уапсен (ВИДЕО)

Во сабота попладне двајца капачи беа повредени на плажата Агиос Стефанос на грчкиот остров Миконос, откако брод за крстарење предизвикал голем бран.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Крајбрежната стража известува дека огромниот бран предизвикал повреди кај капачите, превртел лежалки и расфрлал лични работи на луѓето на плажата.

Грчките власти го уапсија капетанот на крузерот „Фаст ферис Андрос“ откако бродот се закотви во пристаништето Рафина поради прекршување на прописите поврзани со несовесно работење во близина на фиксен или мобилен транспорт (бродови и авиони) и предизвикување повреда од невнимание.

Капетанијата на пристаништето Миконос спроведува прелиминарна истрага.

Според грчкиот Сити Тајмс, лицето кое го снимило инцидентот тврди дека една жена се здобила со две скршени ребра и завршила во болница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ