недела, 23 февруари 2025

Кривична пријава за стружанец кој крадел струја за потребите на својата кафеана

Угостителски објект од Струга и неговиот сопственик заработија кривична пријава за кражба на електрична енергија, соопшти денеска СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пријава против правно лице од Струга и против А.Р.(28) од Струга, сопственик на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас.

„Пријавениот А.Р., без согласност од надлежен оператор, во просториите на неговиот правен субјект, неовластено поставил посебен уред, кој вршел промени во потрошени киловати на електрична енергија, со што се стекнал со протиправна имотна корист“, појасни портпаролот Стефан Димоски.

Во периодот февруари 2024 до јануари годинава била направена материјална штета од околу 260.000 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ