Пријавениот И.Б., вработен како самостоен полицаец – возач во Оддел за специјални полициски операции во Бирото за јавна безбедност при МВР, на 24.01.2025 околу 01.45 часот во ноќен клуб во Скопје агресивно се однесувал кон вработени во обезбедување на објектот, по што и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителни мерки да биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката.