понеделник, 21 октомври 2024

Кривичен суд од утре ќе одлучува по жалбата за притвор за осомничените за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје од утре ќе одлучува за жалбата на Јавното обвинителство во врска со одлуката на судијата на претходна постапка да не го прифати барањето за притвор за четворицата осомничени во врска со упадот во М-НАВ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа оттаму, жалбите се доставени до странките, рокот за одговор е до утре и откако ќе истече, советот ќе заседава.

Жалбата следува откако судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе решенија со кои на четири лица осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај во врска со нападот во М-НАВ, наместо мерката притвор побарана од обвинителството, им определи мерки за претпазливост.

За инцидентот на 4 јануари, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Нападот се случи по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација (М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот.

Во врска со ова денеска се огласи и Судскиот совет од каде соопштија дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамки на своите законски надлежности ја следи работата на судовите.

Во меѓувреме, Управата за финансиска полиција денеска изврши увид во М-НАВ, каде што вршеше контрола и увид во работењето на М-НАВ врз основа на направениот извештај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ