„Потребна не е помош од надлежните национални институции и претпријатија за справување со штетите од невремето што општината не е во можност сама да ги санира. Бараме државна помош за брза санација и ефикасно справување со последиците, со цел избегнување поголеми проблеми за мештаните и локалното население во руралните средини и големиот број оддалечени села каде се настанати штетите. Општина Крива Паланка за овој, како и за секој проблем, работи темелно, но решавањето на настанатата состојба не е можно без неопходната поддршка надлежните институции. Само за потсетување, во јуни мината, 2023, година по невремето, Општина Крива Паланка со заеднички сили и државна помош, заедно со ЈП Државни патишта и тимовите на Инженерскиот вод на АРМ, со сите локални служби и расположливи човечки ресурси, успеа навремено да ги санира штетите и да ги врати во првобитна состојба локалните патишта“, рече Митовски.
Тој посочи дека природните непогоди се непредвидливи, единствено што преостанува е како носители на одговорност истата секој чинител да ја прифати и со заеднички ресурси, со поддршка од државата, да се заложат за секој жител, зашто граѓаните се прв приоритет.