„Не би сакале ништо да мислиме за таквите изјави. Во секој случај, изјавата на овој господин тешко може да се вброи меѓу најпаметните изјави“, им посочи Песков на новинарите на прашањето што мисли Кремљ за неодамнешната изјава на естонскиот министер.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на својот естонски колега, оцени дека во таа изјава се очигледни „сите знаци на ментална болест“.
„Сите знаци на ментална болест се очигледни. Но, има и проблем со логиката: со кого, според него, ќе комуницира папата – со терористи?“, рече Захарова.
Претходно, министерот за надворешни работи на Естонија, Лаури Ланеметс изјави дека ќе му предложи на естонскиот парламент да ја прогласи Московската патријаршија РПЦ за „терористичка организација“, со цел на крајот да се забранат нејзините активности во земјата, пренесува Спутник.