недела, 20 октомври 2024

Кремљ: Мајдан беше насилен пуч спонзориран од странство

Зборувајќи денес за протестите и насилството од пред 10 години на главниот киевски плоштад Мајдан, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков оцени дека тоа бил насилен пуч во Украина кој бил спонзориран од странство.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние тоа го викаме „Мајдан“, но всушност беше државен удар, насилен удар кој беше спонзориран од странство. Нештата мораме да ги нарекуваме со вистинското име“, пренесуваат руските агенции.

Според Песков, фактот што Мајдан бил спонзориран од странство директно и индиректно го признале и претставници на странски земји, „што исто така не е тајна“.

„Нам ни е најважно да ги оствариме своите цели и затоа продолжува специјалната воена операција“, заклучи Песков.

Пред 10 години, на 21 ноември 2013 година, почнаа протестите на Плоштадот на слободата во Киев, кои доведоа до државен удар и насилно сменување на претседателот Виктор Јанукович. Причина за насилните протести беше неговата одлука да го сопре потпишувањето на договорот за придружување на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ