вторник, 22 октомври 2024

Ковачевски за смртта на Димовски: Неговата борба за правата на работниците беше исклучителна

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на својот фејсбук-профил, претседателот на Владата посочува дека посветеноста на Димовски во борбата за правата на работниците беше исклучителна, а неговата вклученост во синдикалното и работничкото движење, како што вели, остави неизбришлива трага која и понатаму ќе е пример за посветена и успешна работа.

„Со огромна жал ја примив веста за прераната смрт на Дарко Димовски, претседателот на ССМ. Изразувам најдлабоко сочувство до неговото семејството, колегите и пријателите. Со неговата отвореност, прагматичност и подготвеност за дијалог успеа да направи историски исчекор и напредок кој и во годините кои доаѓаат ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите работници во државата. Слава му!“, напиша Ковачевски.

Од Синдикатот информираа дека Дарко Димовски почина по кратко боледување на 45-годишна возраст. 

„Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“, соопшти денеска ССМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ