сабота, 27 јули 2024
Изјава на лидерот на СДСМ

Ковачевски за фрлената ракавица од ДУИ: Зарем ако фудбалски тим загуби не треба да игра фудбал?

Лидерот на СДСМ Димитар Коваевски вели дека не ја слушнал изјавата на министерот од ДУИ, Крешник Бектеши кој упати повик „кој ќе загуби на изборите повеќе да не се занимава со политиката. Но Коваевски има одговор и го поставува прашањето: Доколју фудбалски тим изгуби натпревар тогаш сите тие фудбалери и тренери веќе никогаш да не се занимаваат со фудбал?

Објавено на

часот

Сподели

На потпрашањето дали ако СДСМ изгуби тој лично ќе се повлече од политика, Ковачевски каж:

„Јас сум во СДСМ од 1994 година и од 1994 година досега СДСМ победува на изборите, СДСМ имал и помалку успешни резултати на изборите и тоа се однесува на сите членови коишто од тоа време се во СДСМ. Тоа е исто како да кажете дека ако на пример фудбалски тим изгуби натпревар тогаш сите тие фудбалери и тренери веќе никогаш да не се занимаваат со фудбал. Навистина не сум ја слушнал изјавата и затоа не можам во детали да ја коментирам“.

Меѓутоа, додаде, политичарите се занимаат со политика, тие нудат свои решенија, граѓаните оценуваат, проценуваат што е во нивни интерес и во одреден момент тие поддржуваат една политичка партија, подоцна поддржуваат друга политичка партија.

Инаку, на повикот од Бектеши реагираа и опозициската коалиција Вреди и ВМРО-ДПМНЕ. Од Вреди се согласуваат и ги повикаа функционерите од ДУИ на нотар да потпишат изјави со кои ќе се гарантира повлекување од политиката во случај на пораз, а од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот Александар Николоски исто така рече дека прифаќаат, со оценка дека „Бектеши му подготвува свилен гајтан на Али Ахмети“.

Во врска со стратегијата на СДСМ Ковачевски рече дека носителите на листи и кандидатите за пратеници ќе бидат познати на конгрес на почетокот на последната недела од месецов.

„Веќе информирав дека во СДСМ тече постапката согласно правилникот за кандидирање кандидати за парламентарните избори и според она што е усвоено на Централниот одбор сметам дека и носителите и кандидатите за пратеници ќе бидат познати на јавноста преку одржување конгрес на почетокот на последната недела од овој месец“, рече Ковачевски кој беше присутен на настан во скопски Хиподром.

Додаде дека носители на листи ќе бидат искусни партиски кадри, членови кои и во минатото извршувале високи позиции во партијата, како и високи позиции во државата.

„Сметам дека истото ќе се однесува и на кандидатите за пратеници во сите изборни единици. Меѓутоа, не би сакал сега да шпекулирам пред да се носат одлуките и на ИО и на ЦО и секако на конгресот кој ќе се одржи некаде на почетокот на последната недела на месец март“, кажа Ковачевски.

На новинарско прашање зошто се откажале од поддршка на законот за игри на среќа, и дали тоа значи дека нема да има коалиција со ДУИ, вели дека не сугерира на пратениците како да гласаат.

„Сите мои изјави во однос на кој било закон се јавно достапни, така што колку јас сум бил гласен или помалку гласен тоа е достапно на јавноста и може да цени, а можете и вие да цените. Тој закон доби колку што знам при второто гласање 51 глас што значи дека имало 51 пратеник коишто гласале за него без разлика од која политичка партија доаѓаат. Меѓутоа, тоа е недоволно согласно со нашиот Устав бидејќи при суспензивно вето треба да има 61 глас, така што во однос на гласањето на пратениците ќе мора да се обратите до сите пратеници, до сите политички партии коишто учествуваат во Парламентот за да кажат, бидејќи јас еднаш ви имам кажано дека не сугерирам на пратениците како да гласаат во парламентот бидејќи пратеник има суверено право како треба да гласа во однос на интересите на граѓаните и во однос на ставот којшто тие го застапуваат во нивно име во парламентот“, изјави лидерот на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ