понеделник, 15 април 2024

Вреди ја прифати фрлената ракавица од ДУИ: Ајде да потпишеме на нотар, кој ќе загуби се повлекува од политиката

По денешниот повик од министерот Крешник Бектеши од редовите на ДУИ до опозицијата кој рече дека фрла ракавица, кој ќе загуби на изборите да има ветено дека ќе се повлече од политиката, опозициската албанска коалиција Вреди со реакција: Да одиме на нотар што ДУИ ќе го избере и да потпишеме изјави – губитникот да се повлече од политиката.

Објавено на

часот

Сподели

„На 24 април и на 8 мај албанскиот народ ќе се потпише на потврдата за политичка пензија на Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и нивните соработници. Ваквите блеферски обиди на исплашеното раководство на ДУИ да го сокријат стравот од промените кои ќе се случат, не поминуваат никаде, бидејќи ништо повеќе не зависи од нив.

Меѓутоа, Вреди нема да дозволи ни најмал простор за сеење магла. Ги повикуваме Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби да изберат нотар и тајминг каде ќе се потпишеме на изјави дека кој ќе изгуби дека нема право да се занимава никогаш повеќе со политика“, се вели во реакцијата на опозициската коалиција Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ