петок, 26 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ за фрлената ракавица од ДУИ: Одлично, прифаќаме, значи на Ахмети му подготвуваат свилен гајтан

Откако денеска министерот Крешник Бектеши од ДУИ ѝ порача на опозицијата дека им фрла ракавица – кој ќе загуби на изборите да се повлече од политиката, од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека прифаќаат и оценија дека се подготвува терен лидерот на интегративците да се повлече од политиката.

Објавено на

часот

Сподели

Потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на новинарско прашање за реакција по изјавата на Бектеши рече: „Одлично, ВМРО-ДПМНЕ прифаќа“!

Тој рече дека изјавата на Бектеши отвора дилеми:

„Дали тоа значи дека Крешник на Али Ахмети му подготвува свилен гајтан. А можеби Бектеши е кандидат за лидер на ДУИ, имајќи предвид дека ДУИ ќе ги загуви изборите и дека нема да биде во состав на новата влада. Добро е, секако, да се знае дека Бектеши има лидерски амбиции. Ако е така, тогаш раководството на ДУИ ќе се сели таму откаде што е Бектеши, во Кичево“, рече Николоски.

Oд опозициската коалиција Вреди исто така рекоа дека ја прифаќаат фрлената ракавица и ѝ порачаа на ДУИ да потпишат изјави на нотар дека тој што ќе изгуби никогаш повеќе да не се занимава со политика.

Инаку, Николоски денеска беше во посета на локалната власт на Прилеп, каде во изјава за медиумите го потенцира случајот со набавка на италијански воени хеликоптери од страна на македонското Министерство за одбрана.

Спорно е распишувањето набавка во изборен период и непознато е зошто е избрана италијанската фирма Леонардо, која според Николоски, претходно е поврзана со скандал.

„Дали воопшто Македонија во моментов има потреба од транспортни хеликоптери? За да знае јавноста, станува збор за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал, не за борбени хеликоптери, така што одбранбената готовност на Армијата и на Македонија со ова не се подобрува. Освен тоа зошто во познат изборен период, со распишани парламентарни и претседателски избори се трошат пари. Тоа е расипништво, а може да им се дадат на општините да ги решат проблемите. Прашање е, како е избрана компанијата Леонардо од Италија која претходно е поврзана со корупциски скандал, а во овој случај решаваат да дадат ваква јавна набавка и тоа со непосреден договор, под државна тајна, без аукција, без да ги видиме понудите на другите“, изјави Николоски додавајќи дека ова е расипничко трошење и ќе има одговорност по изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ