четврток, 19 декември 2024
Изјава на лидерот на СДСМ

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно волјата на пратениците од Алијанса за Албанците

Пратеничката група на СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и врз основа на ставот на пратениците од Алијанса за Албанците, изјави лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на новинарско прашање како ќе гласаат пратениците од СДСМ, доколку во Собранието биде доставен владин предлог за разрешување на двајца министри од Алијанса за Албанците. и именување на нови од таа партија.

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски не сакаше директно да ги коментира одлуките за кои деновиве се информира јавноста преку соопштенија испратени од официјалниот мејл на Алијанса за Албанците, ниту да даде коментар за изјавите од сегашниот лидер Арбен Таравари и поранешниот Зијадин Села, велејќи дека новинарите нив треба да ги прашаат. Тој додаде дека не е запознат со работата на Кадровската комисија на Алијанса за Албанците. Сепак, на прашањето како пратеничката група на СДСМ ќе гласа во Собранието на Македонија ако на дневен ред додје владин предлог по барањето на Кадровската комисија на АА за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити, кои се поддржувачи на Таравари, како и за именување на Илир Демири и Наим Бајрами за нови министри, кои се поддржувачи на Села, Ковачевски одговори:.

„Дали ќе има предлог до Собранието од Владата, ќе го прашате премиерот. А доколку биде доставен таков предлог од Владата, СДСМ ќе гласа во согласност со предлогот од Владата и секако врз основа на ставот што го имаат пратениците од Алијанса“, рече Ковачевски по посетата на компанијата Лапласт – М.

Што разговарал пред неколку дена со лидерот на Алијанса за Албанците, Таравари, Ковачевски рече дека веќе информирал официјално за таа средба која била разговор на двајца лидери коалициски партнери.

„Ние и сега сме во коалиција со партиите кои се за европскиот фронт, наспроти Левициа и ВМРО кои не се затота што немаат носено одлуки за интеграција во НАТО и ЕУ“, рече Ковачевски.

Инаку, што се однесува до односите со Алијанса за Албанците и ставот на Ковачевски дека СДСМ ќе гласа согласно волјата на пратениците од таа партија, за потсетување, пратеничката група на АА брои осум пратеници, а досега шестмина се изјасниле дека се на страната на Зијадин Села. Тоа би значело дека разрешувањата и стабилноста на Владата не се доведува во прашање, односно, Владата би го имала потребното мнозинство од најмалку 61 пратеник, во случајов, може да се смета на 63 гласови.

На прашаето дали ќе има одлука за заеднички изборни листи со сегашните владини партнери, Ковачевски рече:

„Дали ќе се оди на заеднички листи или на листи на традиционални коалиции, ќе одлучат органите на партиите, но на крајот на денопт имаме два блока, едниот е за европска интеграција, а другиот се блокот партии за изолација“

Според него, процесите се одвиваат кон парламентарни избори и победда на европската опција.

За анкетата за рејтинот на политичките партии емитувана на јавниот сервис МРТ, тој рече дека е познато зошто и со која цел е нарачана и дека тоа потсетува, како што нагласи, на тоа како изгледаа медиумите во 2016 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ