среда, 6 ноември 2024
ТВ интервју на лидерот на СДСМ

Ковачевски: Очекувам изборна победа со над 61 пратеник, можно и со 70 со партнерите

„Очекувам на наредните парламентарни избори да имаме над 61 пратеник и ќе ја формираме новата проевропска влада. СДСМ со коалициските партнери и коалициските партнери со кои ја формираат владата може да има и над 70 пратеници. Визијата за европска Македонија ја делиме сите кои сме во оваа владина коалиција“, изјави вечерва во интервју за Канал 5 лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој денеска, согласно Законот за влада, поднесе оставка на функцијата поради подготовка на изборите преку техничка влада.

Објавено на

часот

Сподели

„Најдобрата анкета секогаш доаѓа на денот на избори. Така беше и во 2020 година кога ВМРО-ДПМНЕ покажуваше анкети на кои водат 7 проценти и на крај ги изгубија изборите. И доколку ги погледнете анкетите, граѓаните знаат да препознаат дека во нашата држава демократијата е драстично подобрена и унапредена во однос на 2016 година“, рече Ковачевски.

Дали коалицијата ќе биде од традиционалните коалициски  партнери со кои СДСМ оди на избори или ќе се работи за една поширока коалиција, Ковачевски потенцира дека тоа ќе зависи од анализите кои се базираат на емпириски податоци и во однос на усогласување на програмските определби и кадровската понуда.ѓ

Ковачевски одговори дека досега не разговарал со албанската опозиција за кандидат за претседател на државата, но смета дека „сите што се за европска Македонија и за продолжување на евроинтеграцискиот процес треба да поддржат кандидат со таков предзнак“.

Тој додаде дека освен Пендаровски, Шекеринска и Спасовски, се „вртат“ и други имиња, но за тоа, рече, ќе се разговара и ќе се одлучува во партијата  и со коалициските партнери.

Лидерот на СДСМ ги офрли како шпекулации информациите во јавноста дека поранешниот премиер и партиски лидер Зоран Заев барал од него оставка. Рече и дека со Заев се блиски пријатели, колеги од факултет, дека често разговараат и се среќаваат.

Според Ковачевски, нема случај во светот некој да учествува во влада, а да не ја гласа таа влада.

„Има случаи каде некој не учествува во влада, а ја гласа. А ние овде ќе имаме случај каде ќе учествува и не гласа за своите министри. Во 2016 во јануари, ВМРО-ДПМНЕ предложи техничка влада со мандатар Емил Димитриев без да бидат исполнети обврските од Пржинскиот договор. Министрите ги номинираше мандатарот, тие беа предложени, меѓутоа со огледа дека не беа исполнети условите од Пржинскиот договор, министрите веднаш потоа поднесоа оставки. Продолжија преговорите и Собранието кое што беше распуштено се конституираше повторно и потоа во септември беа предложени министри од СДСМ и тогаш беше изгласана влада во која учествуваа министри на СДСМ  и кои беа поддржани од сите политички партии кои учествуваа во таа техничка влада. Мислам дека имаше 95 гласа во тоа време таа влада, рече Ковачевски“.

„Единствени кои што прават проблем во оваа држава се од ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме предложено министри во таа техничка влада и ќе гласат. Првин комплимент е укинувањето на техничката влада да го бара опозицијата, бидејќи техничката влада е заштитен механизам за опозицијата затоа што во 2016 година изборите беа злоупотребувани од една политичка партија преку злоупотреба на институциите тоа е ВМРО-ДПМНЕ и заради тоа со меѓународно посредништво беше воведена техничка влада. Комплимент е кога опозицијата ќе каже нема потреба од техничка влада, истото и јас го кажав, меѓутоа опозицијата во овој случај ВМРО-ДПМНЕ, кои две години бараа предвремени избори, тие во ниту еден момент не го поставија барањето за укинување на техничката влада“, рече лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ