четврток, 12 декември 2024

Синоќа на ЦО на СДСМ не дојде врвот на партијата, бојкот кон Филипче

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, одржана во вторникот вечерта, на која е одлучено да се одржи конгрес за избор на ново раководство и за нови политики и да се воведат функции двајца организациски секретари, била вистински фијаско за партискиот лидер Венко Филипче, пишува Плусинфо.мк.

Објавено на

часот

Сподели

„Веројатно разочарани од однесувањето на Филипче и од неговата променада во Дубаи, а и од многу други причини, голем број партиски кадри од т.н. прва постава на Централниот и на Извршниот одбор, како и од пратеничката група на СДСМ, едноставно, не дошле на седницата на Бихаќка, на која е донесена одлука за свикување партиски конгрес.

Седницата се одржала на работ на кворум, а отсуствувале поранешниот лидер Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, досегашните потпретседатели Стефан Богоев и Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Славјанка Петровска, Андреј Петров, Петре Шилегов и неколку членови на Извршниот одбор, повеќе пратеници…

Од фотографиите објавени од седницата токму на страницата на СДСМ, може да се забележи дека на работната маса лидерот го придружува еден член на стручните служби на Бихаќка и Јон Фрчкоски, во непознато својство.

Оливер Спасовски дискутирал остро и неговиот говор бил доживеан како жестока критика на раководството на партијата на чело со Филипче, кој од Бихаќка направил не втора или трета партиска лига, туку потсојуз“, пишува Плусинфо.мк.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ